Милановиќ ни соли памет: „Немојте да бидете жртва на принуда или изнуда за членство во ЕУ“, ама неговата држава е членка на ЕУ!
Не сум дојден тука да делам совети, секако добивате совети од многу страни, но ако нешто ви користи ќе бидам задоволен, рече хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на заедниката прес-конференција со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Најважната порака која ја испрати тој е дека не треба да бидеме жртви на никакви притисоци и изнуди за членство во Европската Унија.
„Немојте да бидете само жртва на принуда или некакво изнудување кога станува збор за членство во ЕУ, не мислам на соседната држава Бугарија, тие имаат некои свои идеи како треба тоа да изгледа. Јасно е дека треба да постои консензус. И се се сведува на едно – се додека некој е против, Македонија не може да оди напред. Единствено прашање е дали ова за вас и за вашите граѓани се уште е најважната работа на овој свет вредна во животот или има некои други работи на кои може да се работи да се реализираат“ рече Милановиќ.
Според Милановиќ, на Македонија треба да ѝ се помогне, но не да се третира како посебен случај со посебни потреби.
„Европското право на кое се повикува професорката, е добро да се повторува, но ЕУ не функционира на тој начин. Хрватска е сведок на тоа, чисто да не живееме во илузија, но во ЕУ има и многу добри работи, но не се сите добри особено последните години и месеци“ додаде Милановиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наместо на одмор, младите Босанци одат на…
Значително повисоките плати за истата работа, но…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…