Тешка сообраќајна несреќа во скопско, повредени се двајца возачи
Вчера околу пладне се случила тешка сообраќајна несреќа во близина на скопското село Арачиново, во која се повредени двајца возачи, а едниот од нив има тешки повреди, соопшти МВР.
„На 07.05.2025 околу 12:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локален пат с.Арачиново – с.Орланци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(25) од с.Брест, скопско и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(42) од с.Бардовци, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „цитроен“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека возачот на возилото „мерцедес“ се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје“, пишува во полицискиот билтен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…
Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Обвинителството ги повикува граѓаните кои имаат докази…
Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на…
Обвинение за српскиот војник кој предизвика сообраќајка…
Вишото јавно обвинителство Краљево поднесе обвинителен акт…
Човек загина по удар од воз кај…
На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа…