Хорор во Македонија утрово: Син со секира си го уби таткото, мајката се бори за живот во неконтактибилна состојба
Денеска (11.05.2025) во 07.10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско поради сторено кривично дело „убиство“.
– Околу 07 часот во ПС Кичево од Итната медицинска помош Кичево, било пријавено дека кај нив се јавил Е.А. и кажал дека во семејната куќа во с. Србјани со секира ги нападнал неговите родители.
Со возило на Итна медицинска помош двете лица се пренесени во Медицинскиот центар Кичево, каде У.А.(74), татко на сторителот, им подлегнал на повредите а Ф.А.(67), мајка на сторителот, е во неконтактибилна состојба. Е.А. е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава, извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Монструмот од Грац ѝ испратил проштално видео…
Вооружениот напаѓач осомничен за убиство на десет…
Дачиќ: Убиството очигледно било нарачано, сторителите платиле…
Српскиот министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ…
Разбудете се пред да биде доцна! Не…
Во коментар на објава на Инфомакс, мајка…
Обвинение за бруталното убиство во Кавадарци: Ја…
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство…
Мајка на загинато девојче во Кочани му…
Мајка на починато дете во трагедијата во…