Објавено на:

Трамп ја намалува цената на лекови во САД до 80%

t

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека за 30% до 80% ќе ја намали цената на лековите што се издаваат на рецепт. Наредбата за политиката „Најомилена нација“ подразбира изедначување на цената на лековите со најниската по која може да се најдат во било која од другите развиени земји.

„Нашата земја конечно ќе биде третирана праведно, а трошоците за здравствена заштита на нашите граѓани ќе се намалат со бројки за кои не ни помислувавме досега. Згора на сè, САД ќе заштедат билиони долари“, објави Трамп на својата социјална мрежа.

Има голема разлика во цените на лекови помеѓу САД и другите земји. Цената лековите за дијабетес Jardiance, на пример, лани била 611 долари за 30-дневно снабдување во САД, во споредба со 70 долари во Швајцарија или 35 долари во Јапонија.

Трамп не прецизираше дали наредбата ќе се однесува на Медикер, Медикејд или на други владини програми за здравствена заштита.

И првата администрација на Трамп се обиде да ја воведе оваа регулатива кон крајот на 2020 година, но беше блокирана од федералните судови, а Џо Бајден ја напушти иницијативата. Овој план се однесуваше на лековите што пациентите ги добиваат во лекарските ординации, како дел од програмата Медикер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…

Со цел споменот на 63-те загинати во…

Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…

Секој кој ќе ги исполни условите може…

Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…

Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…

Египет стави исламско здружение од Македонија на…

Македонско исламско здружение се најде на списокот…

Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…

Поранешниот министер за економија и поранешен директор…