Мицкоски за дипломатијата: Го зафативме теренот, победуваме во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз и Рим
Европската Унија беше, е и ќе остане наша цел, но треба да научите да победувате и во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз и Рим ако сакате да испратите поинаква порака од онаа што била слушана години наназад – порача премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на Самитот „Македонија 2025“, говорејќи за евроинтеграциите.
„Наша стратегија беше да го зафатиме теренот и да ги претставиме нашите аргументи. Тоа е демократската алатка што ја имаме на располагање, немаме друга. Ние сме еден од најмалубројните народи и држави во Европа и тоа е единствениот начин. Тоа значи дека треба да бидеме два, трипати подобри од сите други – ако сакате да звучите логично и другите да ве разберат и треба да научите да победувате и во Вашингтон и во Брисел и во Берлин и во Париз и во Рим ако сакате да испратите поинаква порака од онаа што била слушана години наназад“, порача Мицкоски.
Премиерот рече дека земјава е единствената во Европа која за пристапување во Унијата има критериуми од сосема поинаква природа за разлика од критериумите кои важат за останатите земји кои станале или се во процес да станат земји членки, а се однесуваат на напредокот и спроведувањето на реформите.
„Дел од тие отстапки правени во минатото од голем дел од политичарите, се резултат на некои процеси во кои самите тие биле вовлечени па биле притиснати до ѕид и немале каде, дел од лекомисленост и лековерност, а дел од национална исплакнатост и неводење грижа ниту за жртвата дадена во минатото, ниту имале можност да имаат визија за иднината. Оваа Влада сега треба да живее со сето тоа и да се бори, дел од тој простор што некој претходно го зафатил, да го освои повторно. Тоа е тешко, не е лесно, но ќе се бориме“, додаде премиерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…
СДС и Венко Филипче што со демагогии,…
Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…
Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…
Бебе на возраст од 11 месеци е…
Приведен романскиот возач на камионот по трагедијата…
Романскиот државјанин кој управувал со камионот што…