Објавено на:

Низ Сараево доставувал ќебапи и дрога

t

Доставувач од ќебапчилница бил уапсен во Сараево затоа што продавал дрога заедно со ќебапи кои ги доставувал

Осомничениот А. Д. (41) од Сараево е уапсен во полициската акција „Змеј“ под сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, објавија медиумите од регионот.

Осомничениот работел како доставувач во еден сараевски ќебапчилник. Тој бил уапсен додека, според сараевските медиуми, транспортирал дрога во службено возило. Кај него биле пронајдени кокаин, спид и марихуана.

Адвокатот на уапсениот, Омар Мехмедбашиќ, за сараевски „Аваз“ изјави дека осомничениот се бранел велејќи дека пронајдената дрога била за негови сопствени потреби.

А. Д. беше предаден на Обвинителството на Сараевскиот кантон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Низ Сараево доставувал ќебапи и дрога

Доставувач од ќебапчилница бил уапсен во Сараево…

(Видео) „Врапчињата знаат дека има огромен синџир…

Врапчињата знаат дека има огромен синџир на…

Претрес во Велес: Пронајдена дрога кај 63-годишен…

Полицијата вчера привела шеесет и тригодишен велешанец…