Руски агент во Британија доби речиси 11 години затвор
Водачот на руската шпионска мрежа во Велика Британија, Орлин Русев, е осуден денеска пред судот во Лондон на речиси 11 години затвор, објави Ројтерс. Обвинителите тврдеа дека Русев (47) собирал разузнавачки информации за Кремљ.
Тој пред судот се изјасни за виновен по едно обвинение за заговор за шпионажа за Русија. Според Ројтерс, полицијата пронашла илјадници пораки меѓу него и Јан Марсалек, кој водел мрежа на бугарски разузнавачи во странство.
Судијата Николас Хилиард го осуди Русев на 10 години и осум месеци затвор.
Хилиард нагласи дека операциите предводени од Русев претставуваат сериозен ризик за британската национална безбедност, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…