Трамп може да дојде во Истанбул на преговорите со Зеленски и Путин
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува да присуствува на мировни преговори во Истанбул, кои ќе се одржат во четврток, меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин. Трамп верува дека Русија би можела да се согласи на прекин на огнот и изрази надеж дека преговорите ќе помогнат за завршување на конфликтот.
„Размислував да одам таму. Ако верувам дека има шанса работите да се решат, ќе отидам. Мораме да го завршиме ова“, изјави Трамп, додавајќи дека администрацијата на САД работи напорно за да го запре крвопролевањето.
Трамп исто така посочи дека смета оти Русија ќе се согласи на 30-дневен прекин на огнот во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Голем пад на рејтингот на Трамп
Од март оваа година актуелниот претседател на…
Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…
Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…
Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…
Католичката црква е позната по строгите правила…