(Видео) Драма во општина Битола: Им пречеше мајтапот на Габриела со знамето на Шведска

t

На денешната седница на Советот на Општина Битола, процедурално реагираше советникот и координатор на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски.

„Во салата согласно Законот за употреба на знамињата во заедниците и Законот за употребата на знамето на држвата, има тука истакнато знамиња на друга држава. Вие како најодговрна тука во Советот, ве повикувам да се стави ред во салата, бидејќи вие сте за тоа задолжена, бидејќи со вака поставените знамиња се нарушува унитарниот карактер на државата“ рече Бојкоски.

„Јас реков којзнае шо ќе кажиш“ реплицираше претседателката на Советот, Габриела Илиевска на процедуралната забелешка на Бојкоски и му даде збор на советникот од СДСМ, Методија Илиевски.

Илиевски тргна кон говорницата, но застана, оти Бојкоски повика на пауза, за како што рече да се среди салата како што доликува на Советот на Општина Битола.

„Значи ќе се среди и без пауза“ рече Илиевска и повтовно на Илиевски му даде збор.

Тој тргна кон говорницата па застана, оти Бојкоски повторно побара пауза од 15 минути и Илиевски остана во меѓупросторот меѓу неговото место и говорницата, оти се вжешти кавгата меѓу Илиевска и Бојкоски.

„Прво седницата започна со задоцнување од пет и пол часа заради вашата советничка група“ рече Илиевска.

„Седницата каснеше заради тоа што вие… “ продолжи Бојкоски и беше прекинат.

„Значи не ми влегвајте во збор, не ми влегвајте во збор“ реплицираше Илиевска.

Бојкоски рече дека таа доцнела, Илиевска вели таму била од 9:30 часот.

„Не ми влегвајте во збор, не можи пауза, ќе се тргнат знамињата, нема да има пауза. Колеги ве молам повлечете ги од местата тие налепниците. Значи нема пауза“ рече Илиевска.

И повторно му кажа да повели на Илиевски на говорница.

„А кај има на друго место“ праша Илиевска, на новото реплицирање на Бојкоски.

„Некаде каде што има истакнато треба да видите“ рече Бојкоски.

„Дај бе тргни го. Абе досадно вие нема шо да прајте изгледа и се изживувате со 30 советници. Повелете Иливски“ рече Илиевака која по кој знае кој пат му даде збор на советникот од СДСМ.

Тој застана на говорницата, а службеникот го одлепи знамето од пред Илиевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Република Српска не го прифаќа британскиот план…

Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…

Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…

„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…

Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани

Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…