Се испраќаат лажни е-пораки од познати македонски компании, МВР предупредува граѓаните да не наседнуваат
Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи констатирал зачестена појава на така наречени фишинг напади преку електронска пошта во која се злоупотребуваат имињата на повеќе македонски компании со цел неовластено прибавување на податоци од нив. Овие пораки лажно тврдат дека сте сториле повреда на авторски права и содржат фишинг-линкови до наводна документација или барања за преземање на активности.
„Важно и значајно е граѓаните односно компаниите да знаат дека пораката не е испратена од вистинската компанија, да не кликнуваат на линковите или прилози во пораката, да не одговараат на пораката, да не споделуваат лични информации и веднаш да ја избришат пораката.
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки и води постапки во врска со вакви измами. Доколку сте примиле ваква порака или сте жртва на слична интернет измама, веднаш пријавете го случајот во најблиската полициска станица“, велат од МВР.
Обидите за фишинг, како што додаваат од МВР, обично доаѓаат преку електронска пошта, но и од социјални мрежи, преку текстуална СМС-порака или со телефонски повик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Врнежи, ветер и заладување за време на…
Под влијание на циклонска активност за време…
Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат
Поранешниот министер за одбрана Трајан Гоцевски изнесе…
(Видео) Четворица мажи избодени среде Лондон, полицијата…
Четворица мажи биле избодени денеска попладне во…
Одбраната на екс директорот Анакиев: Ниту барал…
Ексдиректорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе…
Трамп направи исклучок: САД повторно издаваат иселенички…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела продолжи…
