Трамп: Рубио оди во Турција, се надевам ќе постигнеме мир
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека државниот секретар на САД, Марко Рубио, и други претставници на САД ќе отпатуваат во Истанбул на разговори за Украина.
„Нашите луѓе одат таму. Марко Рубио оди, како и други. Ќе видиме дали можеме да постигнеме мир“, рече Трамп.
Тој, исто така, рече дека очекува „прилично добри“ резултати од можните разговори меѓу претставниците на Русија и Украина во Турција.
„Многу е важно што ќе има разговори во Турција на крајот од неделата, евентуално во четврток. И резултатите би можеле да бидат солидни“, рече тој на инвестициски форум во Саудиска Арабија. Американскиот претседател додаде дека континуирано е ангажиран во решавањето на украинската криза.
„Западот не треба да се вклучува во уште една бесконечна војна во Европа“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп, Путин и Си во заедничка изјава:…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, рускиот претседател…
Трамп: САД не ја поддржуваат независноста на…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Трамп: На САД не им е потребна…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на…
Русија ги загрозува бродските рути во Црно…
Бугарските власти располагаат со разузнавачки информации и…
Трамп на 19 ноември планира одделна средба…
Американскиот претседател Доналд Трамп планира на 19…