ДУИ бара предвремени избори

t

Опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) обвини дека владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски целосно се откажала и го загрозува остварувањето на стратегиската цел на земјата – членството во Европската Унија – и покрај тоа што новата влада оваа цел ја претставила како прв приоритет.

„Не само со небулозното одбивање на уставното дополнување со неколку малцинства, туку премиерот наоколу се фали дека новата влада успеала да ја надмудри и Грција во изигрување на преспанскиот ‘ерга омнес’ и се фали дека сѐ помасовно се изоставува делот ‘Северна’ од името на земјава. Секојдневно ги гледаме како внатре водат ‘лов на вештерки’ за тоа кој извршил поголемо предавство, кој кажал ‘Северна’, кој бара уставни измени итн., а во исто време надвор создаваат непријатели наоколу и меѓу соседите – и во Брисел и во останатите европски политички центри“, велат од ДУИ.

Оттаму обвинија дека Владата не само што нема консензус за европската перспектива, туку и дека се расфрла со барања за апстрактни гаранции со кои, според ДУИ, никој не знае точно што се бара.

„Има нејасни пораки од кого тие се бараат, кој треба да ги испорача, кој треба да ги ревидира, да потврди дека се исполнети, од кого имаме поддршка за тоа итн. Владата свесно создава нов спор за името кој треба да ја држи земјата надвор од интегративните процеси кои ќе значат извлекување на земјата од балканската кал“, додаваат од Демократската унија за интеграција.

ДУИ оцени оти Владата целосно го загубила легитимитетот за остварување на политичка платформа со јасна европска перспектива и повика на одржување предвремени парламентарни избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Врнежи, ветер и заладување за време на…

Под влијание на циклонска активност за време…

Несреќа на патот Велес – Штип, загина…

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила…

Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат

Поранешниот министер за одбрана Трајан Гоцевски изнесе…

(Видео) Четворица мажи избодени среде Лондон, полицијата…

Четворица мажи биле избодени денеска попладне во…

Одбраната на екс директорот Анакиев: Ниту барал…

Ексдиректорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе…