Мицковски – Сите кандидати за гувернер се вонсериски ,на 20 ти овој месец во парламентот ќе го гласаат
Имавме разговори со председателката околу личноста за гувернер,тие разговори ќе ги продолжиме но рокот 21 мај да имаме избрано гувернер одговори на новинарско прашање Мицковски. Тој одбегна да каже кој е негов фаворит но потврди дека по рокот кога на сегашната гувернерка и истекува мандатот нема да имаме празен простор туку ке има избрано гувернер. Во јавноста се шпекулира дека ВМРО ДПМНЕ размислува помеѓу Зоран Ставревски,Трајко Славевски и сегашната гувернерка Анита Бешовска. Мицковски се воздрѓа да ги коментира овие лица иако јавна тајна е дека негов фаворит бившиот министер за финансии Зоран Ставревски ко и сега му е советник во партијата и според партиски извори функционира како „министер за финансии во сенка“.
Ставревски секој ден со партиско возило од домот на Водно го носат во кабинетот во белата палата и од тука од сенка раководи со дрѓавните пари но има задача да ги контролира и буџетите на општините. Дали ќе биде Ставревски новиот гувернер зависи од него дали ќе прифати наводно поради здравствената состоба но и дека јавноста му ги памти бомбите од прислушкувањето во кое според тие што беа авно објавени тој е еден од „звездите“ на скандалот со аудио бомбите со кои тогашната опозиција практично го сруши владеењето на Груевски..
Ставревски иако во бомбите се слушна се и сешто особено со неговата блиска пријателка тогаш министер на МВР Гордана Јанкуловска на шуден начин за јавноста остана поштеден од кривичен прогон за разлика од Јанкуловска која одлежа и затворска казна. Тивкиот екс министер Ставревски од бомбите речиси и да го нема во јавност и најверојатно доколку прифати Мицковски ке го врати на голема врата во јавноста. Улогата дека и Трајко Славевски сегашниот председател на градскиот совет на Скопје според партиски извори не е сериозна и наводно тој е спотерот во изборот на Ставревски. Шансите на сегашната гувернерка Бежовска да добие нов мандат биле речиси никакви имаки предвид дека Мицковски сака свој човек од доверба и по негов избор да биде на моќната гувернерска функција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…
Израел е на пат кон остварување на…
Ова се најбогатите држави во светот, а…
БДП по глава на жител е груба…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Родителите од Кочани официјално побараа средба со…
Семејствата и родителите на починатите во пожарот…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…