Објавено на:

Трамп е воодушевен од лидерот на Сирија, поранешен терорист: Киднапирал и убивал за Ал Каеда, а потоа го протера Асад кај Путин

t

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со привремениот претседател на Сирија Ахмед ал-Шар во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, пишува „Си-Ен-Ен“. Тој е во посета на Блискиот Исток и најави укинување на санкциите против Сирија по падот на Башар ал Асад од власт во декември 2024 година, кој побегна во Москва со рускиот претседател Владимир Путин.

Тој изјави  дека неговите разговори со Ал-Шар поминале многу добро. Тој го оцени привремениот сириски претседател како „брилијантен, млад, привлечен и цврст човек“.

„Ал-Шар има вистинска можност пред себе да го одржи единството на Сирија. Таа земја ќе пристапи кон аврамските договори. Мислам дека тие мора прво да се средат пред да влезат во тој пакт“, рече Трамп.

Кој е Ахмед ал Шар?

Ахмед ал Шара, привремениот претседател на Сирија, беше истакнат член на терористичката организација Ал Каеда во Ирак. Учествувал во неколку воени акции против американските војници и бил уапсен поради што извесно време поминал зад решетки во американските воени бази.

Во Сирија, тој го основа огранокот на Ал Каеда, Фронтот на победата, на почетокот на 2010 година. Организацијата набрзо стана една од најмоќните фракции на Ал Каеда.

Под негово раководство оваа организација извршила бројни терористички и криминални акции како киднапирања, изнуда и напади врз цивили. Поради ова, Обединетите нации, Европската Унија и Соединетите Американски Држави ја прогласија оваа организација за терористичка организација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

САД ќе го намалат бројот на американски…

САД ќе го намалат бројот на своите…

Европската унија ги укина економските санкции против…

Европската Унија ги укина економските санкции врз…

ЕУ одлучи да ги укине економските санкции…

Шефовите на дипломатиите на Европската Унија попладнево…

Саудиска Арабија и Катар го отплатија долгот…

Светската банка денеска објави дека Саудиска Арабија…