Објавено на:

Студенти-правници од Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациентите од Кочани

t

Студентите на Правниот факултет во Ниш денеска поднесоа кривична пријава до Вишото јавно обвинителство против претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и градоначалникот на Ниш, Драгослав Павловиќ, бидејќи неовластено и спротивно на правилата влегле во одделението за интензивна нега во Универзитетскиот клинички центар во Белград каде што биле сместени повредените од пожарот во Кочани, објавија српските медиуми.

Како што објавија студентите на Инстаграм, предмет на пријавата се дејствија што содржат основи за сомнение дека се извршени кривични дела, загрозување на безбедноста, неовластено фотографирање, неовластено објавување и прикажување на туѓи досиеја, портрети и видеа и злоупотреба на службена положба.

Студентите објаснија дека се одлучиле на тој чекор бидејќи доволно долго чекале јавниот обвинител, како независен орган за кривично гонење, да ја препознае својата уставна и законска должност – да реагира на очигледно незаконското однесување на носителите на највисоките државни и локални функции.

Тие потсетија дека на 17 март Вучиќ влезе во Одделот за интензивна нега на Универзитетскиот клинички центар на Србија, каде што биле лекувани повредените во пожарот во Кочани, а дека Павловиќ го сторил истото во Воената болница следниот ден.

„Двете посети беа организирани во присуство на фотографи и новинари, иако тие болнички единици се строго затворени, а нивната приватност и безбедноста на пациентите се заштитени со закон и медицинска етика“, се наведува во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопската полиција удри по мотоциклистите: 262 казнети,…

Скопската полиција синоќа санкционирала 262 возачи во…

Најмалку 15 загинати и 130 повредени: руски…

Најмалку 15 лица загинаа, а 130 се…

„Обвинителството го спаси Филипче за модуларните болници,…

ВМРО-ДПМНЕ излезе со остри обвинувања кон Обвинителството…

Возовите ќе возат до 50 километри на…

Регионалниот центар за управување со кризи –…

За влез во Грција, утрово се чека…

АМСМ инфoрмира дека утрово сообраќајот на државните…