Дрвокрадец со автомобил прегазил девојче во Чучер-Сандево
Жител на скопското село Блаце вчера со автомобил прегазил девојче во селото Чучер-Сандево, кое е повредено. Додека вршеле увид, полицајците откриле и дека возачот во автомобилот има натоварено дрва за огрев за кои немал документација, соопшти полицијата.
„На 15.05.2025 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Љ.(47) од с.Блаце, скопско. Околу 12.15 часот во с.Чучер Сандево, тој со патничко возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешак – малолетничка од с.Чучер Сандево. Во несреќата, малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. При вршење на увидот, било констатирано дека во возилото превезувал огревно дрво без документација, кое било одземено. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три сообраќајки во една вечер во Тиквешијата,…
Три сообраќајки се случија вчера во Тиквешијата,…
Возач тешко повреден во сообраќајка во скопско
На 13.06.2025 година околу 10.00 часот во…
Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…
Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…
Старец прегази пензионерка во Скопје
Од МВР известија дека вчера околу 19.15…
Девет годишно девојче удрено од автомобил, со…
На 02.06.2025 во 18.15 часот во ОВР…