Eден од најголемите поддржувачи на Мицкоски – Хајредини: Ќе биде голема грешка ако Ставрески ја замени Ангеловска-Бежоска како гувернер на НБРМ
Името на поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески, повторно се споменува во јавноста, овојпат како можен наследник на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. За ова потенцијално назначување реагираше и поранешниот министер за финансии и актуелен член на Советот за безбедност на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, Џевдет Хајредини.
„Би била голема грешка на премиерот Мицкоски, доколку толку успешната гувернерка на НБМ, Анита Ангеловска-Бежоска, ја замени со Зоран Ставрески – десната рака и кум на Никола Груевски, кој беше и министер за финансии и вицепремиер“, оценува Хајредини.
Тој потсетува дека во времето на Ставрески, како еден од најблиските соработници на поранешниот премиер Груевски, се реализираше контроверзниот проект „Скопје 2014“, во кој, според неговите зборови, беа потрошени една милијарда евра народни пари. „Ќе остане запаметен и по изјавата: ’Кога немавме леб, купувавме чоколади’“, додава Хајредини.
Хајредини потсетува и на други контроверзии поврзани со Ставрески, вклучително и доведувањето на индискиот бизнисмен Субрата Рој во Македонија, како и на спорниот договор со кинеската компанија Синохидро, од која, како што вели, биле земени околу 30 милиони евра мито.
„Познат е и по случајот кога поштата не можеше да му врачи покана за суд поради непозната адреса, иако тогаш сè уште беше на власт“, завршува Хајредини во својот коментар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…