НСДП на локалните избори ќе настапи во коалиција со СДСМ
НСДП вчера во Скопје одржа седница на Централниот одбор на која беа разгледани активностите на партијата кои се преземаат во пресрет на престојните локални избори. На седницата беше донесена одлука дека партијата на претстојните локалните избори во октомври оваа година ќе настапи како дел од Коалицијата предводена од СДСМ.
Беше констатирано дека општинските организации на партијата кадровски и оперативно се целосно подготвени да го дадат својот придонес за успешна промоција на програмата и на кандидатите за градоначалници и советници од Колацијата предводена од СДСМ, со цел освојување на довербата на граѓаните и постигнување на успех на изборите.
Исто така, НСДП ја отпочна внатрепартиската постапка за евидентирање и утврдување кандидати за градоначалници и советници во советите на општините и градот Скопје, обезбедувајќи транспарентна, легитимна и демократска внатрепартиска процедура, за да се дојде до најприфатливи кандидати од НСДП кои имаат најголеми шанси за успех на изборите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хашките обвинители бараат шест години затвор за…
Обвинителите во Хаг денес побараа поранешниот лидер…
Апсење во Царина: Заменик-директор падна со бележани…
Џ.И. вработен во Царинската управа како заменик-директор…
Ковачки: Признание за придонесот кон одбраната, продолжуваме…
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, денеска…
11 од 12 приведени возачи немале положено…
Во текот на изминатото деноноќие, на различни…
Украинците започнаа голема контраофанзива
Украинските сили наводно ослободиле околу 152 квадратни…
