Објавено на:

Израел најави „напад без преседан“: Издадена е наредба за евакуација

t

Израелската армија (ИДФ) издаде ново предупредување до Палестинците во кое вели дека мора да ја напуштат целата област на градот Кан Јунис.

Според израелската армија, Палестинците мораат да ги напуштат своите домови во оваа област бидејќи, како што наведоа, израелската армија се подготвува за „напад без преседан“ на областа.

Наредбата за евакуација, која го вклучува целиот Кан Јунис, како и предградијата Бани Сухејла и Абасан, ја означува првата голема наредба за евакуација откако ИД започна проширена офанзива во Појасот Газа, при што израелските лидери предупредуваат дека имаат намера да ја освојат целата територија за да го уништат Хамас.

„ИД ќе изврши напад без преседан за да ги уништи капацитетите на Хамас во областа“, рече портпаролот на армијата, полковник Авичеј Адрае.

Тие исто така изјавија дека целата област Кан Јунис сега се смета за опасна борбена зона.

На цивилите, кои веројатно ги има неколку десетици илјади, им се советува да се движат на запад кон областа Маваси на брегот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…

Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…

Израел нападна полициска станица во Газа –…

ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…

Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…

Зетот на Трамп оди во Израел, ќе…

Џаред Кушнер, пратеникот и зет на американскиот…

Двајца израелски војници и еден Либанец загинаа…

Двајца израелски војници се убиени во Јужен…