(Видео) По скандалозната снимка која ја објави Инфомакс: Опозицијата прашува зошто Мицкоски одбива да каже дека нема да се примаат мигранти?

t

Владата потпиша договор вреден 6 милијарди евра, а јавноста засега доби само фотографии, изјави без конректна содржина и никаква инфомрација за клучните прашања кои ги поставија јавноста а произлегоа од многу медиуми. Нема ништо освен флоскули за „историски моменти“ и „големи инвестиции“, но воопшто не се знае ништо за позадината на овој договор, велат од СДСМ во соопштение.

„Во кратко интервју на Мицкоски за битанската телевизија Скај, кое утрово го објавуваат медиумите, а за кое Владата воопшто не информираше, Мицкоски избегнува да одговори дали со британскиот премиер ќе се разговата за примање на мигранти во Македонија како дел од договорот за стратешко партнерство. Ова сомнително однесување на премиерот го поставивме како прашање уште преед неколку дена но Владата упорно молчи. Со објавувањето на скриеното интервју на Мицкоски веќе сомнежот е преголем и Владата мора одма да одговори:

Дали кредитот од 6 милијарди евра се навистина само за инфраструктура, или се цена за нешто повеќе – за нешто што засега се крие од јавноста? Согласно информациите од британските медиуми, но и од изјавите на британските официјални претставници, договорот во делот на мигацијата подразбира „широка соработка“.

Информации во британските медиуми и од изјави на тамошни политичари се дека Обединетото Кралство планира во иднина и безбедносни аранжмани, вклучително и за мигрантски кампови на Балканот. Прашањето кое три дена нема одговор е конркетно и насочено до Владата:

Дали сте подготвени во иднина да прифатите Македонија да стане зона за смествање на мигранти? Дали договорот каков што е остава простор дека за ова може да се разговара во иднина? Дали можете експлицитно и јасно да потврдите дека ниту сега ниту во иднина Макеоднија нема да разговара за ваков политички ангажман?

Македонија и грѓаните имаат право да знаат, дали има некакво ветување, дали има некакви разговори на оваа тема и што точно се разговара. СДСМ не води евтина политика – ние поставуваме суштински прашања што никој друг не се осмелува. Ако Владата нема што да крие, нека одговори. Отворено, јавно и транспарентно“, велат од СДСМ во соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…

Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…

(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…

На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…

Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…

Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…

Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…

Запрен романски камион во возната лента можеби…