Одлуката е донесена: Сиљановска денеска ќе го испрати предлогот за гувернер до Собранието
Во изјава за медиуми денеска престедателката Гордана Сиљановска Давкова изјави дека одлучила кој ќе биде идниот гувернер на Народната банка, но оти јавоста ќе го дознае неговото име откако предлогот ќе биде испратен до Собранието.
– Никогаш не се кажува прво во јаноста, туку се испраќа до органот и Собранието одлучува. Тоа денеска ќе биде финализирано пред за заминам за Италија, рече Сиљановска Давкова.
Таа потврди дека ќе биде некој од кандидатите кои се спомнуваат во јавоста.
Меѓу тројцата најсериозни кандидати за оваа функција, се спомнуваа актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, професорот на Економскиот факултет во Скопје Трајко Славески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески.
Мандатот на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска истекува утре, но законот пропишува таа да ја врши функцијата до изборот на нов гувернер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Климовски: Реализаторот ќе достави детален финансиски…
Реализаторот ќе достави детален финансиски извештај со…
Од девет на три жртви во Тетово:…
Системот „Безбеден град“ покажува конкретни резултати во…
Малиот пијанист Андреј од Њујорк во Македонија…
На малиот македонски пијанист Андреј Цековски (11…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Митева: За прославата на независноста не се…
За реализацијата на настаните за прославата на…
