Општина Карпош отстапи објект во Влае за дневен центар за лица со попреченост
По иницијатива на советниците од Левица, Општина Карпош отстапи на користење објект кој ќе биде приспособен и наменет за Дневен центар за лица со попреченост
По претходна теренска обиколка на објектите кои се во сопственост на Општина Карпош, советниците од оваа партија, со помош на градоначалникот Стевчо Јакимовски и одделението за поддршка на Советот, одлучија дека објектот на општината во Урбаната заедница Влае 1 ќе биде најсоодветен за таа намена.
Како што соопштуваат од Левица, целата процедура и минимум стандардите за отварање на објект од таков тип треба да ги види и одобри Министерството за труд и социјална политика за што советниците треба да одржат состанок веќе наредната недела.
Истовремено ги повикуваме сите хумани физички и правни лица, општествено одговорни компании доколку сакаат да помогнат финансиски да не контактираат. Општината за таа цел од буџетот издвои 2.000.000 денари кои беа донесени и изгласани во програмата на детска и социјална заштита за 2025 година – велат од паријата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Насилник од Карпош ја натепал сопствената сестра,…
Вчеравечер околу полноќ, во скопската општина Карпош…
Во Карпош ќе се поставува „Репелент“ против…
Од Општина Карпош информираат дека како дел…
Нападнат 76-годишен човек во Карпош
Педесет и три годишен напаѓач вчера физички…
Инспекторите на Општина Карпош казнија 26 градилишта,…
Инспекторите на Општина Карпош минатата недела спровеле…
(Видео) Јакимовски со трет сет мерки за…
Општина Карпош носи трет сет на мерки…