Левица: Дали пуленот на Максо прави тешки злоупотреби со државни пари?
Граѓани од Пробиштип го вперија прстот во Илија Петковски – Џани, раководител во Агенција за вработување во Пробиштип и локален лидер на Знам. Тие обвинија дека Џани нудел државни кредити и помош при вработување во замена за изборна поддршка, објави Левица.
– За неколку дена започнуваат огласите за активни мерки на граѓани и фирми, а веќе има дојави кои посочуваат дека лично ветувал „услуги“ дека ќе им заврши работа да добијат пари, со цел да се ЗАГАРАНТИРА ГЛАС за Знам и Дпмне на претстојните Локални избори.
До кога раководната функција ќе ја користи како алатка за политичко УЦЕНУВАЊЕ и уште поважно – дали токму таа позиција е причината за неговиот трансфер од СдС во Знам?
И претходно Џани беше обвинуван за злоупотреба на граѓани кои ги користеле мерките од АВРМ бидејќи истите преку ноќ и мистериозно, без нивно знаење станувале Роми со цел прибавување на поголема сума на државни средства.
Иако за ваквите дејствија биле запознати и претпоставените во раководството на АВРМ, иако по пријава на злоупотребени работници е повикуван на информативен разговор во обвинителство, Џани и понатаму останува недопирлив за органите на прогонот.
Кога институциите ќе почнат да си ја вршат работата и до кога ќе се замижува пред злоупотребата со парите на народот?
Левица ги охрабрува граѓаните да продолжат да ги обелоденуваат криминалите на локалните шерифи и ќе врши постојан притисок врз институциите, со цел отстранување на ваквите системски аномалии во нашето општество. – стои во објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…
Левица: Ако за нешто треба да се…
Не се точни изјавите на Мицкоски дека…
Левица бараше една изборна единица и укинување…
Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…
ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија…
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Левица со…