Објавено на:

Угостителите со дивоградби најавуваат протести во Струмица, Костадинов им одговори: Никој нема право да го држи градот во заложништво!

t

Никој нема право да го држи градот во заложништво, истакна денеска во објава на Фејсбук градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, по најавата на дел од угостителите кои имаат дивоградби дека ќе протестираат против одлуката на Општината да им ги отстрани дивоградбите.

– Во врска со најавените протести од страна на одредени угостители, сакам јасно да порачам: Одлуките на Градот се водени исклучиво од интересот на граѓаните, а не на поединечни бизнис интереси.

Плоштадот е јавно добро и му припаѓа на сите граѓани, а не на мал број привилегирани сопственици на нелегално поставени објекти и објекти изградени спротивно на одобренијата за користење јавна површина.

Толеранцијата од страна на инспекциските служби беше огромна, покажаа разбирање за се што можеше согласно закон.

Благодарам на над 80% од угостителите кои сами постапија и искрено очекувам дека сами ќе постапат уште многу угостители.

Идејата воопшто не е да се наштети на угостителите, туку да се врати она што припаѓа на сите граѓанки и граѓани на нашата Струмица.

Времето на узурпација на јавен простор заврши. Градот ќе продолжи да постапува законски и одговорно, со цел да го врати урбаниот ред и да обезбеди еднаков пристап за сите.

Разбираме дека секој има право на протест, но никој нема право да го држи градот во заложништво.

Останувам доследен на својата обврска да ги заштитам интересите на граѓаните. – напиша Костадинов на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Струмичките полуматуранти направиле хаос – Костадинов: Плоштадот…

Полуматурантите во Струмица направиле хаос на струмичкиот…

Средношколци од Струмица организираат хуманитарен настан за…

Средношколци од Струмица денеска, 9 јуни, во…

Филипче: Младите не заслужуваат ваква власт што…

Од трибината на Социјалдемократската младина на Македонија…

Почна рушењето на нелегалните објекти во Струмица…

Реков дека ќе има ред во Струмица…