Претседателката е во „славната нација Казахстан“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Казахстан, каде што утре ќе се сретне со претседателот Касим-Жомарт Токаев и ќе учествува на Меѓународниот форум „Астана 2025“.
Како што информираат од кабинетот на претседателката, во четврток (29 мај) Сиљановска-Давкова ќе се обрати на пленарната сесија на Меѓународниот форум „Астана 2025“, која ќе ја отвори Токаев.
Обраќања ќе имаат и претседателот на Република Руанда, Пол Кагаме, премиерот и министер за надворешни работи на Државата Катар, шеик Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим ал Тани; премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој, Матијас Корман и поранешниот генерален секретар на Обединетите нации и актуелен претседател на Собранието и претседавач со Советот на Институтот за глобален зелен раст, Бан Ки-мун.
Форумот што ќе се одржи на 29 и 30 мај на тема „Поврзување на умовите, обликување на иднината“, се позиционира како значајна иницијатива за унапредување на мултилатерализмот и заедничкото дејствување во решавањето на глобалните прашања, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова.
Меѓу клучните теми се геополитичките предизвици, климатските и економските промени на глобално ниво.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија победи во Казахстан!
Македонија успеа да дојде до тешка победа…
Македонија води против Казахстан!
Александар Трајковски се најдев во првиот состав…
Еве со кој состав стартува Македонија против…
Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски, го…
Претседателката е во „славната нација Казахстан“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во…
27 преживеани, 40 загинаа во падот на…
Министерството за вонредни ситуации на Казахстан соопшти…