„Ова не е криминалот со ОКТА“ – Бендевска го критикуваше договорот за продажба на ОКТА, но заборави дека го потпишал стратешкиот советник на Мицкоски!
Пратеничката од ЗНАМ, Весна Бендевска, денеска го критикуваше договорот за продажба на ОКТА, бранејќи го британскиот кредит во Собранието.
– Овој договор ќе значи можност за економски инфраструктурен развој. Не станува збор за задолжување, туку за кредитна линија, рамка. Ова не е Милитанеос ( правилно е Мителинеос, грчка компанија).
Ова не е договорот што го промовираше владата на СДСМ, НЕ Е Милитанеос, имаше учество на минимален откуп на цена, ние се сеќаваме на прочуениот договор за ОКТА потпишан од Љупчо Георгиевски, па години после тоа откупувавме мазут. Милитанеос веројатно како подарок од тогашната влада на СДСМ и ДУИ имаше можност за купување на земјиште во железара за 1 евро за метар квадратен. ЗНАМ особено го поздравува градењето на Чебрен и Галиште со средства од оваа линија, рече Бендевска.
Она што Бендевска не се сеќава, или не сака да го каже, е дека на договорот е потпишан актуелниот стратешки советник на Мицкоски, Марјан Ѓорчев, кој имаше активно учество во катастрофалниот договор за продажба на ОКТА со кој се испумпани милијарди евра од буџетот на државата.
Договорот за купопродажба на акции за концесија е потпишан на 8 мај 1999 година помеѓу Република Македонија и АД “EL.P.ET – Balkanike” Societe Anonyme Petroleum Trading and Investment (компанија заеднички контролирана од HELLENICA PETRELEUM S.A и METON – ETEP S.A).
Потписници во име на Република Македонија се Борис Стојменов како министер за финансии на Р.М и Марјан Ѓорчев како директор на Агенцијата за приватизација на државно земјиште, кој во меѓувреме е сменет од функцијата, па анексите на Договорот се потпишани од Слободанка Ристовска, наследничката на Ѓорчев на позицијата директор на Агеницјата за приватизација на државно земјиште. Премиер во тој период е Љубчо Георгиевски.
Потписници од страна на Хеленик Петролеум се Елефтериос Целас и Николаос Чионис.

Инфомакс во 2023 година објави опширен текст со сите детали и документи за криминалот со продажбата на ОКТА.
Целиот текст и сите ексклузивни детали прочитајте ги во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Ова не е криминалот со ОКТА“ –…
Пратеничката од ЗНАМ, Весна Бендевска, денеска го…
Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…
На премиерот му е јасно дека Таравари…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…
Владата е стабилна силна и успешна –…