Објавено на:

Паркинзи Битола во минус, општината ангажира приватна фирма за „смирување на сообраќајот“

t

Општина Битола распишува тендерска постапка за смирување на сообраќајот низ Битола, реагираат од Левица Битола.

– Наместо услугите да ги извршува “ЈП ПАРКИНЗИ” како легитимен сервис на општината и битолчани за овие дејности, општината склучува договор со приватна фирма од Скопје “Бојта ИНГ дооел Скопје”, каде се одлеваат значителни финансиски средства од касата на битолчани за поставување на лежечки полицајци каде што една коцка, вештачка испактнина-гума, кошта вртоглави 52.510 денари со ДДВ, додека јавното претпријатие “Паркинзи” е во сериозна финансиска загуба од 3,2 милиони денари.

Го прашуваме јавно директорот Зоран Михајловски, зошто “ЈП Паркинзи” не се пријавило на оваа тендерска постапка и проект за да се направи финансика паралела и зајакнување на финансиите на претпријатието И покрај тоа што советот ја изгласа одлуката на ова претпријатие на 22.02.2025 за “Изменување и дополнување на ценовникот за поставување и одржување на вертикална сигнализација” каде што уредно можеше да ги извршува овие активности.

Од тука изнесуваме сомнеж и јавно го прашуваме градоначалникот Коњановски:

Зошто ЈП Паркинзи не доставило пријава и проект за оваа тендерска постапка и дали била единствена пријавена фирмата “Бојта ИНГ дооел Скопје” за да се склучуваат корумпирани договори во четири очи или се помагаат приватни олигарси од Скопје блиски до владата од парите на битолчани.

Од тука произлегува сомнеж дека грантот од еден милион евра покрај вакви примери финансиските средства нема да бидат наменети за точни градежни локации во Битола, туку за можни приватни џебови за вршење изборен поткуп.

Соработката на општина Битола со приватни фирми надвор од градот покажува непочит кон битолчани, додека истите ја полнат касата на општината за приватни џебови. – објавија од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…

*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…

(Видео) Вака изгледаат 500.000 евра во Битола:…

500.000 евра чинела патеката која се сопнува…

ХОРОР во Битола! Внука се обидела да…

Внука се обидела да ги убие сопствените…

24 години од нападот кај Гајре, во…

Денес се навршуваат 24 години од нападот…

МОН ќе чека да заврши кривичната постапка,…

Од Министерството за образование и наука денеска…