(Документи и докази) Апасиев ги кажа сите со име и презиме: Еве кој е заштитен од премиерот во истрагата за Кочани – овие луѓе се директно виновни за трагедијата според професорот, Мицкоски би се соочил со казна затвор од 10 години!
Професорот Димитар Апасиев вчера поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Скопје по основ попречување на правдата казниво по член 368 А, Став 5 од Кривичниот законик.
Пријавата Апасиев ја поднесе против претседателот на Владата, Христијан Мицкоски затоа што според професорот го уценувал обвинителот Љупчо Коцевски со истрагата за случајот со пожарот во Пулс во Кочани со цел да ја насмери истрагата во погрешна насока подалеку од актуелните функционери кои сносат директна вина за она што се случуваше таа вечер.

Во листата на докази Апасиев поднесе записници од 50-тата и 51-та седница, изјави на пмиерот, мислењето на Владата како и мислењето на Министерството за правда.
Соогласно ставот на министерството за правда за работата на Коцевски тој е дел о незаконски постапувања, коупција и неефикасност во кривичното гонење, но и директно мешаање во самостојноста на обвинителите.

Меѓу другото Апасиев во пријавата против премиерот тој посочува и низа на изјави на Христијан Мицкоски, изјави на преетставници на ВМРО-ПМНЕ како и соопштенија.
Основната премиса во оваа кривична пријава е дека Мицкоски ја сопрел постапката за разрешување на Коцевски во моментот кога се случи трагедијата во Кочани со основна цел да тргува со влијание односно да ја сопре постапката за негово разрешување со цел да бидат амнестирани од одговорност сите актуелни функцинери од ВМРО-ДПМНЕ кој се одговорни за несреќата.

-Изоставена од истрагата еи актуелната началника на ОВР Кочани, Марија Цветковска Маневска, која е на функција повеќе од една година!
-Во истрагата намерно не ги вклучуваат актуелните носители на функции во Министерството за еконмија, Државниот пазарен инспекторат и одговорните лица од МВР, пишува во пријавата.
И токму ова можеби е најинтересниот дел од кривичната пријава затоа што Апасиев и пратениците Левица ги спомнуваат сите кои сметаат дека се одговорни за трагедијата во Пулс со име и презиме, а токму за овие лица меѓуредови говореа и родителите на починатите и повредените.
Ова е листата на функционери кои Мицкоски ги заштитува преку Коцевски според Апасиев и пратениците на Левица.
-Изоставен од истрагата е началникот на Оделот за криминалистички работи во Кочани, Томо Донев кој е на функција повеќе од една година и кој е сликан во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани!
-Изоставен од истрагата е и началникот на СВР Штип – Дејан Салтировски, кој му беше советник на министерот Панче Тошковски во т.н. техничка Влада, а со кои од претходно негуваат приватни бизнис интереси.
-Од истрагата изоставена е и главната инспекторка за економски киминал во ОВР Кочани – Кристина Јованова која и покрај фактот дека објектот само неколку месеци пред тоа бил казнет од страна на УЈП.
-Исто така од истрагата изоставен е и сменоводителот на китичната ноќ, Драган Петрушев кој и покрај јавно познати информации дека таа вече во објектот се организира јавен настан – концерт, не превзел мерки за контрола на објектот и обезбедување на јавниот ред и мир.
-Исто така во ситуација кога во истрагата се бившата државна скретака на министерството за економија и поранешниот директор на Државен пазан инспекторат, изоставени од истрагата се сегашниот државен секретар Адеми Јумни и сегашниот диктор на ДПИ – Влатко Стојкоски када на ДПМНЕ.

Имајќи го сето ова во предвид Апасиев и пратениците на Левица бараат Мицкоски да одговора за попречување на правдата, Член 368-а.

-Тој што со сила, сериозна закана или со ветување, нудење или давање некаква корист ќе влијае врз судија, јавен обвинител или друго службено лице или адвокат да превземе или да не презема со закон предвидени дејствија во постапка пред суд или друг орган надлежен за водење постапка уредена со закон спротивно на неговата службена или адвокатска должност и овластувања, или ќе го спречува во вршењето на такви дејствија – ќе се казни со затвор од една до десет години, стои во Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…