Ако сакате да работат дајте им поголема плата, Трендафилов им одговори на газдите
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) останува на ставот дека не само минималната, туку и воопшто платите во Македонија треба да се зголемат. Како што изјави денеска претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, земјава е една од државите во регионот со најниска и просечна и минимална плата, а спротивната страна, Владата или работодавачите, нема слух за сериозен исчекор.
-Работниците во Македонија се најниско платени на Балканот, а да не зборуваме за Европа. За жал, ние сме една од државите во регионот која има најниска и просечна и минимална плата. Не гледаме слух од спротивната страна, од Владата или работодавачите да направат некаков сериозен исчекор, иако слушнавме дека во Србија од 1 октомври минималната плата ќе биде 500 евра, онолку колку што бара ССМ во Македонија, а од 1 јануари ќе изнесува 550 евра. Веќе и со повисока плата од онаа што ја бараме работниците, за жал, заминуват од земјава, но не само заради платите, туку и незадоволни од условите во кои живееме, истакна Трендафилов пред конференцијата на Организацијата на работодавачите на Македонија (ОРМ) по повод јубилејот 20 години постоење.
Тој напомена дека продуктивноста треба да се таргетира само преку една работа – зголемување на платите.
-Нашите работници во Црна Гора, Словенија, Германија, Србија, Хрватска, Аврстија се продуктивни зашто таму платите се три до четири пати повисоки од нашите, рече Трендафилов, додавајќи ако работодавачите планираат да не ги плаќаат работниците како што го прават тоа денес, не може да очекуваат зголемување на продуктвноста
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…