(Видео) Каде сте македончиња?! ВМРО-ДПМНЕ спречи гласање за Законот за бранители во Собранието

t

Вистинска драма претпладнево се случуваше во Комисија за социјална политика, демографија и млади во Собранието со која раководеше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска.

Имено Ласовска одби да го стави на дневен ред во комисијата Законот за бранители кој повеќе од 10 месеци е заглавен во истоимената комисија и блокирана од пратенички од ВЛЕН и од ДУИ, а денес беше блокиран од пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска сакаше да ја искористи шансата кога со комисијата претседаваше пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ па се обиде да го стави на дневен ред Законот за бранители кој е предлог на СДСМ, но пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ истото не го дозволи со што спречи гласање за Законот.

ВМРО-ДПМНЕ во опозиција ветуваше решавање на проблемите на бранителите од 2001 година, но не направи никаков притисок истиот да се донесе сега кога е на власт. Не само што не направи притисок да се донесе Законот туку денес и директно го спречи гласањето за истиот.

Маските се паднати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов: Чудно ми е како Радев знае…

Бојко Борисов денеска го искористи своето право…

Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…

Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…

(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна…

Силна експлозија наводно се слушнала во населбата…

(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…

Претставници на новата управа на ТВ Нова,…