Објавено на:

ЌЕ НЀ СНЕМА! Негативен природен прираст во првото тромесечје: се родиле 3.526 бебиња, починале 5.398 луѓе

t

За над 25 % е намален е и бројот на склучени бракови. Регистрирани се 465 разведени бракови, што претставува намалување од 22.1 % во споредба со истиот период од 2024 година.

Во првото тримесечје од 2025 година бројот на живородените деца е 3 526, и во споредба со истиот период од 2024 е намален за 2.9 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените луѓе во првото тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 3.8 % во споредба со истото тримесечје од 2024 и изнесува 5 398 лица, а од нив 15 се умрени доенчиња. Природниот прираст е негативен и изнесува -1 872, што значи дека за толку луѓе е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените луѓе.

Во ова тримесечје од годината се склучени 1 846 бракови и нивниот број е намален за 25.8 % во споредба со истиот период од 2024 година. Регистрирани се 465 разведени бракови, што претставува намалување од 22.1 % во споредба со истиот период од 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ангелов: Внимавајте да не предизвикате пожар,…

Доволна е искра за вистинска катастрофа, предупреди…

Штипјанец кривично пријавен за измама, набавил 2,58…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе…

25 години години Охридски рамковен договор

Ohrid is Jazz…Jazz is Ohrid… 25 годишнината…

Три нови инвестиции оваа есен, најавува премиерот…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави три нови…

За неполни 24 часа два земјотреси во…

Два земјотреси се регистрирани во Македонија во…