Обвинение за бруталното убиство во Кавадарци: Ја задушил вонбрачната партнерка
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против 43-годишен маж за убиство на својата вонбрачна партнерка.
„Обвинетиот 43-годишник, во прецизно неутврден момент меѓу 20.01.2025 и 22.01.2025 година, при вршење семејно насилство ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Делото го извршил во станот во кој престојувала оштетената на улицата „Ѓуро Салај“ во Кавадарци. Обдукцијата покажа дека тој свесен за своето дело, насилно и ги затворил носот и устата, предизвикувајќи задушување“ се вели во соопштението на обвинителството.
Јавниот обвинител до Судот достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од утре нема плаќање во готовина во…
Од утре патниците во градскиот и приградскиот…
Пожарот во Кавадарци бил подметнат, се очекува…
Од околу 30 пожари кои биле регистрирани…
Во секоја општина да се отвори семеен…
По последните случаи со насилство во Гостивар…
Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…
На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…
Грк ja истепал двојно помладата партнерка во…
65-годишен маж вчера бил уапсен на грчкиот…