Италијанскиот амбасадор: Пречките меѓу Бугарија и Македонија можат да се надминат

t

Пречките кои во моментов ги имаат Бугарија и Македонија не се толку комплицирани, за да не можат да се надминат, вели амбасадорот на Италија Паоло Палминтери.

„Верувам и сметам дека пречките кои моментално се помеѓу Бугарија и Македонија, дека не се толку комплицирани за да не можат да се надминат. Така што верувам дека европската интегреација понатаму ќе биде во најдобар ред“ рече Палминтери.

Италијанскиот амбасадор додаде дека преговорите се во фаза на застој, но од друга страна останатите планови си течат во нормален тек.

„Како што знаете планот за развој е веќе одобрен, односно кога ќе созреат во иднина, ќе матурираат сите тие односи во врска со пристапувањето на Македонија кон ЕУ, државата веќе ќе биде подготвена целосно да се вклопи во тој европскоинтегративен процес. Италија, се разбира дека се надева Република Северна Македонија да биде целосно интегрирана во рамките на ЕУ во најскоро време“ порача Палминтери од Штип каде присуствуваше на едукативен настан на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитровски: Нашите позиции се јасни – реципроцитет…

Заменик-министерот за надворешни работи и трговија Зоран…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Бугарија дава по 50 евра помош за…

Близу 550.000 Бугари ќе добијат по 50…

Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на…

ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата…

ХОРОР ВО БУГАРИЈА: Татко си го убил…

Денес, околу 11:20 часот, пристигна пријава за…