Со ВМРО-ДПМНЕ на власт, правда нема и не може да има, велат од СДСМ по „помилувањето“ на Бојан Христовски
Тажно е да се гледа како Јавното обвинителство кое наводно требаше да биде ослободено од прангите на политиката се претвара во обичен инструмент на ВМРО-ДПМНЕ во нивната ПР стратегија, реагираат од СДСМ.
– Денешното отфрлање на кривичните пријави против Директорот на АНБ Бојан Христовски во најмала рака е несериозно, тенденциозно и политички мотивирано, особено поради фактот што веќе постојат најмалку четири пресуди од кои една за директорката на Дебарската болница, како и за директорки на две училишта кои признаа дека ТОЕФЛ сертификатот кои го добиле од јазичното студио „Јулија“ биле фалсификувани.
Трагично е да се чита соопштението на Јавното обвинителство во кое се обидуваат да го оправдуваат незаконското назначување на Бојан Христовски за директор на АНБ со образложение дека „не добиле правна помош од Бугарија“. Како е можно истото јавно обвинителство да обезбеди докази во шест други предмети, но не и во случајот за Бојан Христовски?
Како е можно Коцевски од најлош и најкорумпиран обвинител, одненадеж да стане најдобриот обвинител?
Селективноста на правдата е одлика и политички потпис на ВМРО-ДПМНЕ од времето на поставување на судии и обвинители од тефтерчето на Гордана Јанкуловска, Никола Груевски и Михајло Маневски.
Со ВМРО-ДПМНЕ на власт, правда нема и не може да има. ВМРО-ДПМНЕ функционира по системот „кадија те тужи, кадија те суди“ со претходно напишани одлуки во Белата палата. – велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ
СДС го проби дното и ги нарече…
Кузманоска: Од 1,6% економски раст во време…
Инвестициите скокнаа за 16,5 отсто, градежништвото расте…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…
Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…
*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…