Уште Орбан остана да го брани Мицкоски кој е подготвен да изгради кампови за мигранти и да задолжи три генерации за да ја држи Македонија изолирана од ЕУ!

t

Никој повеќе не му верува на Мицкоски во Македонија, остана Орбан да го брани, велат од СДСМ во соопштение испратено до медиумите.

– Виктор Орбан, човекот кој си купи премиер во Македонија денес го пофали Мицкоски за „браник од мигранти“ во Европа. Ниту Виктор Орбан ниту Христијан Мицкоски не се браници од нелегални мигранти во Европската Унија.

Вистината е дека Европската Унија во рамки на ФРОНТЕКС а во соработка со Владата на Р.Македонија пред 10 години склучи договор за заедничка безбедност на јужната граница на Европската Унија од напливот на нелегални мигранти од разгорените воени подрачја во Сирија и Ирак.

За иронијата да биде уште поголема, Виктор Орбан кој за Унгарија обезбеди сигурна иднина во Европската Унија, без нелегални мигранти зборува за Христијан Мицкоски кој е подготвен да отвори кампови за одбиени азиланти од Велика Британија, да задолжи три генерации и да ја држи Македонија изолирана од Европската Унија додека тој отвара фирми во Бугарија.

Македонија за 11 месеци влезе во друштво на авторитарни држави каде демократијата е само декор, а животниот стандард зависи од вољата на еден човек. – велат од опозициската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…

Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…

Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…

Венко Филипче, кој е познат како личност…