Српските студенти не се предаваат, протест пред ректоратот во Ниш: НЕ за настава преку Интернет!
Студентите во блокадата и граѓаните кои ги поддржуваат протестираат пред зградата на Ректоратот што ја блокираат од 21 мај, а како барање наведуваат ректорот и деканите да потпишат, како што велат, „платформа“ за поддршка на нивните барања, која ја поднесоа на почетокот на блокадата на зградата на Ректоратот.
Студентите во блокадата се против наставата преку Интернет, а најавија дека протестот ќе трае до вечерва. Тие изјавија дека бараат предвремени парламентарни избори, јавуваат медиумите. Најавени се обраќања, спортски активности, друштвени игри и филмска вечер.
Сообраќајот не е затворен, ограден е само просторот околу главниот влез на Ректоратот. Сите факултети на Универзитетот во Ниш донесоа одлука да ја продолжат наставата онлајн или преку комбиниран модел. Студентите во блокадата на почетокот на протестот изнесоа четири барања за кои истакнаа дека немаат политички карактер, а потоа на 5-ти мај изнесоа барање за распишување предвремени парламентарни избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Град Скопје не успеа да го…
Екипите на Град Скопје не успеаја во…
Студентите бараат достоинство, а не привилегии, вели…
Амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Мејдани,…
Вреди: ДУИ ги злоупотребува студентите за да…
Вреди обвини дека дел од студентските протести…
Културните работници на протест: „Љутков, колегите ќе…
Синдикатот на културата повторно организираше протест, овојпат…
СОНК демантира: Нема да се вклучиме на…
По денешната објава, превземена од социјалните мрежи,…