Таравари: Во Кичево можна е соработка Алијанса – ДУИ – ВЛЕН
Доскорешниот министер за здравство Арбен Таравари кој ја напушти Владата вели дека сѐ уште нема договор со ДУИ. Во Тема на денот на Сител рече дека во некои општини, како Кичево, можен е заеднички кандидат на сите три политички субјекти од албанскиот блок.
-Иако одамна велат дека имаме договор. Еве јас вечерва ви кажувам, уште немаме договор, меѓутоа сега сме опозициска партија. Во одредени општини, да бидеме искрени, можеби ќе има соработка ВЛЕН – ДУИ – Алијанса. На пример, Кичево. Кичево е типичен пример во којшто, за жал, така ќе дојде крајот да се гласа за Македонец или Албанец, иако не би посакал така да бидат изборите, туку да се гласа за кандидат, вели Таравари, додавајќи дека соработка меѓу трите партии е можна и во други општини, без притоа да прецизира кои се општини.
Таравари вели дека приоритет за него и за партијата се претстојните локални избори.
-Јас размислувам да излезе нашата партија што подобра на локалните избори. Да има што повеќе гласови и што повеќе општини да раководи, вели Таравари појаснувајќи дека доколку би бил задоволен со пет општини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…
Вчерашната вечер не се покажала како празнична…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…
Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…