Алиса во земјата на чудата – Мицкоски: Очекувам во првиот квартал од годинава да бидеме во првите пет економии во Европа
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува Македонија да биде меѓу првите држави кои со САД ќе добијат Договор за слободна трговија. Запрашан за ефектите од посетата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на САД и неговата средба со Државниот секретар Марко Рубио, Мицкоски рече дека впечатоците од таа средба се исклучително високи.
„Тимчо Муцунски е помеѓу првите седум министри за надворешни работи од Европа кој што на билатерално ниво беа примени од страна на Државниот секретар Марко Рубио во Стејт департментот во САД. Средбата траела околу 45 минути, на која што уште еднаш е истакната стратешката соработка и значењето на стратешката соработка помеѓу двете земји, досегашната исклучително искрена соработка со админитрацијата на претседателот Трамп и очекувањата за во иднина “, рече Мицкоски пред почетокот на свечената академија по повод јубилејот 80 години на Дрѓавниот завод за статистика.
Во однос на очекувањата за растот на БДП Мицкоски рече дека очекува во првиот квартал од годинава да бидеме во првите пет економии во Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
Просечната нето-плата во јули достигна 48.499 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…
Мицкоски: Очекуваме раст на БДП меѓу 3,5…
Очекуваме годината да ја завршиме со раст…
БДП пораснал за 4,3% во второто тримесечје…
Државниот завод за статистика (ДЗC) објави дека…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…