Пратеници од Левица остварија средба со францускиот амбасадор

t

ПРАТЕНИЦИ ОД ЛЕВИЦА ОСТВАРИЈА СРЕДБА СО ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР🇲🇰🇫🇷Денес во просториите на Собранието на Република Македонија, потпретседателот на Левица, м-р Реџеп Исмаил – Хактан и портпаролот Амар Мециновиќ, во својство на пратеници, остварија средба со амбасадорот на Француската Република, Н.Е. Кристоф Ле Риголер.

Средбата се одржа во конструктивна атмосфера во ,,Струшката соба” на Собранието, каде беа дискутирани прашања поврзани со актуелната политичка состојба и предизвиците со кои се соочува Републиката, особено во однос на етничката верификација и конфесионализмот на политичкиот систем кои го подриваат демократскиот капацитет на државата.

Претставниците на Левица ја нагласија својата принципиелна позиција дека европската интеграција на Македонија не смее да биде изговор за цементирање на етноцентричниот модел на владеење и нарушување на суверенитетот на Македонија. Напротив, процесот на приближување кон ЕУ треба да биде искористен како можност за враќање на граѓанската и ДЕМОКРАТСКА логика во функционирањето на институциите, како и за унапредување на еднаквоста на сите граѓани, без разлика на етничка или верска припадност.

Во таа насока, #Левица е единствената политичка партија која доследно и јавно се залага за стриктно почитување и спроведување на принципот на секуларизам – како основа за слободна, праведна и функционална демократија. Воедно, од Франција, како земја со силна републиканска традиција и длабоко вграден секуларен поредок, очекуваме политичка поддршка и принципиелен став во однос на зачувувањето на овие вредности и во контекстот на македонското општество.

Дополнително, за време на средбата беше отворена и темата за корупцијата – како еден од најгорливите системски проблеми што ја подрива довербата во институциите. Од страна на Левица беше посочено дека и покрај промената на власт, корупцијата продолжува со несмалено темпо – со очигледна тенденција таа дополнително да се проширува. Еден од суштинските проблеми лежи токму во биетничкиот карактер на државата, каде владеењето функционира на принцип на етничка поделеност на политичкиот плен, што практично го оневозможува воспоставувањето на централна, кохерентна и ефективна АНТИКОРУПЦИСКА политика која ќе даде реални резултати.

Левица останува посветена на борбата за унитарна, секуларна и социјално праведна Република Македонија, каде државата ќе биде вистински сервис на граѓаните, а не продолжена рака на етничко-религиски елити и корумпирани интереси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…

Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…

Во Франција е поништен законот со кој…

Францускиот уставен совет, телото кое проверува дали…

Дипломатски скандал ја тресе Франција – млади…

Франција покрена дисциплинска постапка против својот амбасадор…

Софи Адено ќе стане првата Французинка што…

Минатиот февруари, Софи Адено влезе во историјата…