Вистината за Кочани: Зошто Мицкоски го штити Началникот Томо Донев?
СДСМ денеска продолжи со серијалот прес-конференции насловени како „Вистината за Кочани“.
– Зошто обвинителството ги амнестираше од одгворност сите актуелни полициски функционери на ВМРО-ДПМНЕ од најголемата трагедија во историјата на Македонија, пожарот во дискотеката Пулс во Кочани во кој загинаа 62-ца млади луѓе, а 200 беа повредени?
Дали обвинителството ги заштитува од одговорност овие луѓе по наредба на Христијан Мицкоски?
Зошто Христијан Мицкоски лично и директно ја попречува истрагата за Кочани?
Дали се плаши дека доколку обвинителството постапи соогласно закон, истрагата за пожарот ќе доведе до него?
Зошто од истрагата е изоставен Томо Донев кој до несреќата повеќе од година дена е началник за криминалистички работи во Кочани?
Дали и Донев како и останатите полициски функционери на ДПМНЕ во Штип и Кочани е дел од параполициските партиски структури на ВМРО-ДПМНЕ кои рекетираат и аминуваат криминал во Источна Македонија?
Дали Томо Донев е изоставен само затоа што е член на ВМРО-ДПМНЕ и редовно ги посетувал состаноците на партијата во Кочани?
Како е можно и покрај сите информации кои ги имала полицијата, службени белешки од полициски службеници, објави на социјални мрежи дека во дискотеката нелегално се користат пиротехнички материјали, началникот за криминалистички работи кој е надлежен над сите инспектори во Кочани да не одговара за катастрофалниот пропуст на полицијата кој доведе до ситуација во која 62 лица го загубија својот живот, а 200 да бидат повредени?
Како е можно да нема одговорност кај полицијата за нелегалната употреба на пиротехнички материјали?
Токму Томо Донев е по херархија надреден над Отсекот за оружје, експлозиви и опасни материи во Кочани кој морал по Закон да врши надзор над употребата на пиртотехника во градот.
Како е можно и покрај сите јавно објавени фотографии од дискотеката Пулс на кои се гледа нелегално се користи пирхотеника никој да не направи надзор и контрола дали оние кои управувале со пиротехниката имаат дозвола за ракување со истата?
Дали партијата е пред правдата?
Дали личните интереси на Христијан Мицкоски се поважни од солзите на мајките во Кочани?
До кога обвинителството ќе молчи пред фактите и доказите кои упатуваат на кривична одговорност кај голем број актуелни полициски функционери?
СДСМ нема да запре со име и презиме да ги именува оние кои ја завија Македонија во црно. Правда за Кочани мора да има. СДСМ продолжува со серијата на прес-конференции насловени „Вистината за Кочани“. – вели Костовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…
Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…
Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…