Газди од Битолско измамиле 27 земјоделци, ги оштетиле за над 140.000 евра
Сопствениците на компанија од Битолско ќе одговараат за измама откако зеле жито вредно над 140.000 евра од 27 земјоделци и не го платиле, соопшти МВР. Случајот претходно го објави порталот „Зелена берза“.
„СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Д.Н.(30) од село Долно Оризари, битолско, П.Н.(57)од с.Путурус, општина Могила и две правни лица од с.Долно Оризари. Првопријавениот во текот на 2023 и 2024 година, во својство на овластено лице-управител во трето и четвртопријавените правни лица и второпријавениот – сопственик на трето и четвртопријавеното правно лице довеле во заблуда 27 лица, од кои 25 земјоделци од пелагонискиот регион и две превозни претпријатија дека после извршен откуп на житни култури за одреден временски период ќе им платат и ги убедиле да ја предадат житната култура, со што вкупно им нанеле материјална штета во износ од 141.650 евра“, велат од полицијата.
Дел од измамените земјоделци се сомневаат дека газдите на „Путурус промет“ избегале со парите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Вака изгледаат 500.000 евра во Битола:…
500.000 евра чинела патеката која се сопнува…
ХОРОР во Битола! Внука се обидела да…
Внука се обидела да ги убие сопствените…
24 години од нападот кај Гајре, во…
Денес се навршуваат 24 години од нападот…
МОН ќе чека да заврши кривичната постапка,…
Од Министерството за образование и наука денеска…
Газди од Битолско измамиле 27 земјоделци, ги…
Сопствениците на компанија од Битолско ќе одговараат…