Возач на товарно возило е тешко повреден во судир со автомобил во Козле
Вчера попладнето, во скопската населба Козле се судриле автомобил и товарно возило чијшто возач е сериозно повреден, извести МВР.
„На 03.06.2025 околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Миле Попјорданов“ и ул.„Илија Плавев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(37) од Скопје и товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(57) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на товарното возило, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје“, пишува во полицискиот билтен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Возач на товарно возило е тешко повреден…
Вчера попладнето, во скопската населба Козле се…
Цветановски: Самоволие на директорката на Клиниката во…
„Хаосот и скандалите во здравството со оваа…
Таравари ќе одлучува дали ќе ја разреши…
Отказот на докторката Веселника Митровска Јосифова од…
Доктори од детската клиника „Козле“ со писмо…
Триесет доктори од Клиниката за респираторни заболувања…
Тешка сообраќајна несреќа во Козле!
Тешка сообраќајна несреќа се случи пред малку…