Објавено на:

Уште еден неуспех на јапонската вселенска копанија – летало се урна при слетување на Месечината

t

Јапонската компанија iSpace соопшти дека нивната беспилотна лунарна сонда најверојатно се урнала на површината на Месечината за време на обидот за слетување во петокот, што претставува уште еден неуспех две години по неуспешната прва мисија.

Компанијата со седиште во Токио се надеваше дека ќе им се придружи на американските компании Intuitive Machines и Firefly Aerospace во успешните комерцијални слетувања на Месечината, во рамки на глобалната трка што вклучува и државни лунарни мисии на Кина и Индија.

Иако неуспехот значи уште една повеќегодишна пауза во комерцијалниот пристап до Месечината за Јапонија, земјата останува посветена на американската програма Artemis, а широк спектар на јапонски компании го гледаат истражувањето на Месечината како бизнис можност.

Resilience, втората лунарна сонда на iSpace имала проблеми при мерењето на растојанието до површината и не успеала доволно да го успори своето паѓање, соопшти компанијата, додавајќи дека не успеале да воспостават комуникација со сондата по веројатното „тврдо“ слетување.

Првата сонда на iSpace се урна на површината на Месечината во 2023 година поради неточно мерење на висината. Софтверските решенија беа имплементирани, додека дизајнот на хардверот главно остана непроменет кај сондата Resilience.

Resilience носеше ровер со четири тркала изработен од подружницата на iSpace во Луксембург и пет надворешни корисни товари со вкупна вредност од 16 милиони долари, вклучувајќи научни инструменти на јапонски компании и еден универзитет од Тајван.

Сондата целеше кон Mare Frigoris, базалтна рамнина околу 900 км од северниот пол на Месечината.

Да беше слетувањето успешно, сондата висока 2,3 метри и роверот ќе започнеа планирани 14-дневни активности на истражување, вклучувајќи собирање на реголит – површински материјал од Месечината – според договор со американската вселенска агенција NASA.

апонската влада минатата година потпиша договор со NASA за вклучување на јапонски астронаути во Artemis мисиите на Месечината и даде поддршка на истражувачки проекти на приватни компании за идниот лунарен развој, со претпоставка дека iSpace ќе обезбеди транспортни капацитети.

„Очекувањата од iSpace не исчезнаа“, изјави јапонскиот премиер Шигеру Ишиба на платформата X.

Иако iSpace најверојатно ќе остане најнапредната јапонска компанија за лунарен транспорт, некои јапонски компании би можеле да почнат да разгледуваат транспортни опции од странски субјекти за да ги тестираат своите визии за истражување на Месечината, изјави професорот Казуто Саики од универзитетот Рицумејкан, кој беше вклучен во мисијата SLIM.

За својата трета мисија во 2027 година, американската подружница на „ispace“ гради поголема сонда во рамки на програмата на NASA – Commercial Lunar Payload Services – за програмата Artemis. Компанијата планира уште шест мисии во САД и Јапонија до 2029 година.

„NASA сè повеќе има потреба од приватни компании за да ја подобри трошковната ефикасност на клучните мисии со ограничен буџет“, изјави извршниот директор на „ispace“, Такеши Хакамада, повикувајќи се на предложените буџетски кратења од американскиот претседател Доналд Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…

Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…

Уште еден неуспех на јапонската вселенска копанија…

Јапонската компанија iSpace соопшти дека нивната беспилотна…

(Документи) Само делегацијата од Министерство за култура…

Министерството за култура потрошило 3.698.975 (три милиони…

Јапонија бележи рекорден пад на населението

Населението на Јапонија падна на 123,8 милиони…

Царините на Трамп ги зближија Кина, Јапонија…

Кина, Јапонија и Јужна Кореја се согласија…