Објавено на:

Големо невреме во Дојран, граѓаните пријавуваат прекин на струјата и интернетот

t

Големо невреме со дожд и град попладнево го зафати Дојран. Граѓаните пријавуваат дека снемува струја и интернет на повеќе локации.

За утре во државата се најавува дека времето ќе биде  сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно во југоисточните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.

Во Скопје се најавува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во недела ќе се задржи сончево и многу топло време. Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени. Кон средината на седмицата ќе има локална појава нестабилност со пороен дожд и грмежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Големо невреме во Дојран, граѓаните пријавуваат прекин…

Големо невреме со дожд и град попладнево…

Силно невреме во Муртино, поплавени ниви и…

Силно невреме попладнево го погоди струмичкото село…

Невреме со силен дожд и град во…

Републичкиот завод за метеорологија на Србија издаде…

Невремето прави хаос – падна дрво пред…

Големото невреме и град кои вечерва го…

Снежно невреме предизвика сообраќаен хаос во Њујорк

Снежното невреме во американската сојузна држава Њујорк…