Акциите на Тесла пораснаа за околу 5% по големиот пад поради расправијата Маск-Трамп
Акциите на Тесла пораснаа за околу 5 проценти по расправијата меѓу извршниот директор Илон Маск и американскиот претседател Доналд Трамп, што ја намали пазарната вредност на компанијата за 152 милијарди долари (133 милијарди евра) еден ден претходно, објави денес CNBC.
Акциите скокнаа откако некои американски медиуми објавија дека Трамп наводно го поканил Маск на разговор денес за да ги намали тензиите, тврдење што Трамп подоцна го негираше за ABC News.
„Маск има потреба од Трамп, а на Трамп му е потребен Маск од повеќе причини, па затоа нивното обновено пријателство ќе биде огромно олеснување за пазарната вредност на Тесла“, напиша аналитичарот Ден Ивс за Wedbush Securities.
Откако ја напушти позицијата шеф на Министерството за владина ефикасност на САД (DOGE) минатата недела, Маск помина неколку дена критикувајќи го законот за трошење што го поддржува претседателот, нарекувајќи го „одвратен срам“. Вербалната војна меѓу Маск и Трамп се разгоре во четврток кога Трамп директно се осврна на критиките на Маск. Тој денес за Си-Ен-Ен изјави, меѓу другото, дека „дури и не размислува“ за Маск и дека нема да разговара со него во блиска иднина, но дека „му посакува се најдобро“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов бисер од Елон Маск за тоа…
Постои една стара изрека, рече Маск -…
Маск за офанзивата на Украина: Толку многу…
Американскиот бизнисмен Илон Маск на својата мрежа…
Бил Гејтс, Илон Маск и Марк Цукерберг…
Највлијателните личности во технолошката индустрија поитаа на…
Украинците гневни, Маск со “скандалозен” твит: Крим…
Извршниот директор на SpaceX и Tesla, Илон…