Приведени двајца битолчани со пиротехника на натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер
Двајца битолчани биле приведени од страна на полицијата за време на синоќешниот ракометен натпревар меѓу Вардар 1961 и Пелистер, што се одигра во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, приведени се П.Д. (26) и Д.А. (23), зашто кај нив биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.
Според МВР, против двајцата се поднесени поднесоци по Законот за спречување насилството и недостојното однесување на спортските натпревари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Битола не спиеше: Навивачите до зори ја…
Во Битола изминатата вечер не се спиеше,…
Фудбал без публика во Македонија до крајот…
Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската…
(Видео) „Кобрите“ во последен момент го спречија:…
На социјалните мрежи се шират видеа од…
Тројца навивачи избодени во Германија: Напаѓачот ги…
Тројца навивачи беа избодени со нож во…
Во Тетово одземени над 3000 петарди и…
СВР Тетово информира дека полицајци денеска околу…