Учениците експресно се собраа и го исчистија струмичкиот плоштад
Кога се сака – се може.
По јасно издадениот АПЕЛ, за помалку од еден час, учениците, наставниците и директорите се организираа, се вратија на градскиот плоштад и ја исправија грешката. Плоштадот повторно е чист, достоинствен и онаков каков што му прилега на Струмица, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
– Ова ме радува.
Ова покажува дека имаме млади генерации кои знаат да препознаат одговорност, да ја прифатат и да постапат.
На сите полуматуранти им посакувам здравје, среќа и успех.
Нека израснат во чесни и одговорни граѓани, нека бидат пример и надеж за иднината на државата.
Не може да има слобода без ред.
Не може да има прослава без почит.
Струмица расте кога младите учат што значи ред, дисциплина и заедништво.
Ова е патот на напредокот – кога грешката не се крие, туку се исправува. Кога младоста не се расфрла, туку се насочува.
Денес сум горд.
Ова е генерација што положи важен тест – и за себе, и за својот град.
Во Струмица има ред. И така ќе остане. – објави Костадинов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Учениците експресно се собраа и го исчистија…
Кога се сака – се може. По…
Струмичките полуматуранти направиле хаос – Костадинов: Плоштадот…
Полуматурантите во Струмица направиле хаос на струмичкиот…
Средношколци од Струмица организираат хуманитарен настан за…
Средношколци од Струмица денеска, 9 јуни, во…
Филипче: Младите не заслужуваат ваква власт што…
Од трибината на Социјалдемократската младина на Македонија…
Почна рушењето на нелегалните објекти во Струмица…
Реков дека ќе има ред во Струмица…