Се запали затвор во Сплит, осуденици завршија во болница
Пожар избувна синоќа во затворот „Билице“ во хрватскиот град Сплит, а неколку затвореници беа хоспитализирани поради вдишување чад, соопшти локалната противпожарна служба, според „Слободна Далмација“.
Пожарот избувнал во една од ќелиите околу 21:30 часот, откако затвореник наводно се обидел со оган да ги избрка бубашвабите во ќелијата. Огнот бил главно изгаснат од затворските службеници, пред пристигнувањето на пожарникарите.
Шестмина пожарникари евакуирале дел од затворениците, а неколкумина биле пренесени во градската болница поради проблеми предизвикани од чадот, соопшти противпожарната служба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се запали затвор во Сплит, осуденици завршија…
Пожар избувна синоќа во затворот „Билице“ во…
Лажен доктор од Македонија мамел постари лица…
Полицијата во Загреб ја завршила кривична истрага…
Запалена спортска обложувалница во Аеродром
Спортска обложувалница во Аеродром била запалена во…
(Видео) Полицајки во Сплит убиja ограбувач на…
Пред пладне во центарот на Сплит, на…
Изгорела куќа на гурбетчии во Шуто Оризари,…
Вчеравечер полицијата примила пријава дека е запалена…