Индиски медиуми: Еден патник ја преживеал авионската несреќа
Полицискиот комесар на Ахмедабад потврди дека е пронајдено едно лице кое го преживеа падот на авионот што полета за Лондон утрово и се урна во близина на аеродромот кратко по полетувањето.
Според индиските медиуми, патникот, чиј идентитет сè уште не е објавен, седел на седиштето 11А.
Полицискиот комесар, исто така, изјави дека на овој патник моментално му се пружа лекарска помош.
Ве потсетуваме дека авион на Ер Индија со најмалку 242 лица на лет за Лондон се урна во близина на аеродромот во западниот индиски град Ахмедабад неколку минути по полетувањето.
Локалните власти претходно изјавија дека се чини дека нема преживеани во падот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се урна стар мост во Индија, има…
Четири лица загинаа, а 51 се повредени…
Нова несреќа: Седуммина загинати во пад на…
Цивилен хеликоптер се урна денес во северната…
Бројот на жртви во падот на Боингот…
Бројот на жртви во падот на авионот…
Прва снимка од преживеаниот во авионската несреќа…
Едно лице го преживеа падот на патничкиот…
Пронајдени се 204 тела од уривањето на…
Индиските власти соопштија дека се пронајдени 204…