(Видео) Нашиот познат фолк-пејач со солзи на очите зборува за несреќата и големото срце на Андреј од ДНК

t

Нашиот познат фолк-пејач во најновиот ТВ магазин „Бекстејџ“ зборува за неговото пријателство со Андреј Ѓорѓиески од ДНК.

Тие одамна се познаваа, а и многу пати имаа соработувано, на што Наум се потсети, но и не можеше да ги сокрие емоциите.

Имено, од видеото споделено на страницата на „Бекстејџ“ на социјалните мрежи се гледа како Наум со солзи на очите зборува за Андреј, но и за страшната несреќа во која загинаа многу млади луѓе.

Наум не можеше да ги сокрие емоциите и одвај собра сила да проговори за заминувањето на неговиот близок пријател.

И по несреќата Наум сподели неколку тажни пораки, а скршен од болка во еден момент ги напиша и следниве зборови:

„Поцрно не сум се чувствувал никогаш“, напиша тогаш Наум на својот профил на Фејсбук (повеќе за ова прочитајте тука).

Потсетуваме, Андреј Ѓорѓиески, пејачот на ДНК, беше еден од настраданите во несреќата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Пејачот загина откако повторно се врти во клубот за да спасува животи на други, но за жал од таму никогаш не излезе.

Покрај него, од вкупно 62 жртви, меѓу нестраданите се уште седум други членови на бендот – тапанарот Горги Горгиев, клавијатуристот Филип Стефановски, гитаристот Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов, битбоксерот Мартин Атанасовски како и придружниот вокал и самохраната мајка Сара Пројковска.

Владимир Блажев – Панчо, кој заедно со Андреј го основаше бендот, преживеа, но се уште е на лекување во болница.

Многу наши уметници ги познаваа настраданите музичари и сите тие и денес тагуваат заради несреќата што ни се случи.

Од овие причини штипскиот актер Милорд Ангелов, кој беше мошне близок со клавијатуристот на ДНК, Филип Стефановски, кој воедно беше и директор на Центарот за култура во Штип, овие денови, на тркалезната маса на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, ќе потсети и на страшниот настан. Тој ќе посеочи дека токму сега, во посттрауматскиот период во кој се наоѓаме сите по несреќата, треба да се размисли и за тоа каков театар да и се понуди на публиката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…

Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…

Прекината истрагата за Панчо од ДНК

Обвинение за 34 физички и три правни…

„На здравје за молкот“

Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…

Дебар Маало ќе се затвора за возила…

Со овој пилот-проект кој веќе е готов…